Носителката на советничката листа на СДСМ и коалицијата во општина Гази Баба, Милица Бубало, денес во својата изјава за медиумите најави дека промените се реални, а по вториот круг, општината ќе добие нова и одговорна локална власт.
„Заврши времето на лажни ветувања и работење водени единствено од личните интереси. Тони Трајковски во изминатите 8 години вети толку многу проекти и ништо не реализираше. Се што вети остана само напишано во неговата програма, а немаме ни трага од некој квалитетен проект. Бесрамно ги излажа граѓаните на Стајковци на кои кога се кандидираше за претходниот мандат им вети изградба на градинка“, изјави Бубало.
Според неа Трајковски напразно ветува изградба на нова градинка, затоа што тоа го ветил и во претходниот мандат, а се уште не е реализирано. Трајковски ветувал градинки не само во Стајковци, туку и во Трубарево и Инџиково.
„Граѓаните знаат дека ова се само празни ветувања на човекот на кој ќе му биде запечатена политичката судбина на 29-ти октомври. Граѓаните ќе го казнат целото неодговорно однесување на Тони Трајковски изминативе години. Се определија за живот за сите во цела Македонија. Како и во првиот круг така и на 29 ти октомври граѓаните ќе се определат за живот и во Гази Баба“, додава Бубало.