29.8 C
Skopje
Sunday, June 29, 2025

Каракачанов бара нови закони за да го спречи ширењето на радикалниот Ислам во Бугарија

За да се спречи потенцијалното ширење на радикалниот ислам, Бугарија треба да ги заостри правилата за странско финансирање на верските заедници и ограничување на посетите на странски духовни лица. Ова го изјави бугарскиот заменик-премиер Красимир Каракачанов. Каракачанов е претседател на партијата ВМРО, која пак е дел од коалицијата на Обединетите патриоти во бугарскиот парламент. „Обединети патриоти“ се дел од владејачката коалиција во Бугарија, заедно со најголемата партија ГЕРБ, на премиерот Бојко Борисов. Каракачанов истакна дека се подготвени предлози за промени во законодавството за религијата, образованието, како и кривичниот законик. Тие промени ќе бидат предложени за гласање до крајот на годината. Минатата година бугарската влада го забрани носењето облека што го покрива лицето.
„Проблемите што ги гледаме во неколку европски земји веќе постојат и во Бугарија”, истакна
Каракачанов по состанокот во кој се разговараше за мерки за спречување на ширењето на радикалниот ислам во земјата. Тој истакна дека „екстремно либералните” закони го дозволуваат ширење на нетрадиционалниот ислам. “Финансираните од страна на приватни структури
верски заедници се обидуваат да вршат политичко влијание во земјата “, додаде заменик-премиерот на Бугарија.

поврзани објави

     

Последни објави