28.8 C
Skopje
Sunday, June 29, 2025

Барселона во лов по „вундеркидот“ на Ајакс

Тимот на Барселона во јануари ќе се обиде да ја засили својата дефанзивна линија. Тренерот Ернесто Валверде смета дека на неговиот тим му е неопходно засилување во одбраната, особено на позицијата стопер, затоа што Пике моментално е поплоно надвор од форма.

Нов член на каталонскиот гигант може да биде младиот фудбалер на Ајакс, Матијс де Лигт (18). Ова момче е голема желба на Валверде, кој е подготвен да направи се со цел да го донесе во својот тим уште во јануари.

Станува збор за фудбалер кој има голем потенцијал. Иако има само 18 години, тој веќе запиша два настапа за репрезентацијата на Холандија и е стандарден првотимец за великанот од Амстердам.

Покрај него, Барселона најверојатно ќе го донесе и 22 годишниот колумбиец, Јери Мина, кој пристигнува од Палмеирас.

поврзани објави

     

Последни објави