6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Заев од Љуботен: Ќе има и водовод и градинка и улици, сплотени како во цела Македонија, да донесеме живот и во општина Бутел

-Ова што го работиме заедно е вредно, ајде да го продолжиме на 29 Октомври. Македонија е сплотена како никогаш досега, Македонци, Албанци, Турци, Роми, Срби, Власи, Бошњаци, други, само заедно можеме напред и само сплотени ќе ги решаваме проблемите. Ќе има живот и во Бутел и во цела Македонија, рече претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на село Љуботен во скопската општина Бутел.

-Граѓаните видоа дека Македонија има само една опција, единство, кое што обезбедува иднина и персективи за сите, рече претседателот Заев.

Тој додаде дека додека светот се развива, се развива интернет комуникацијата, отвора шанси, се отвораат работни места, во делови од Македонија, како во Љуботен, се уште се гази во кал.

-Ќе има водовод и чиста вода за пиење во Љуботен. Старото училиште Гоце Делчев ќе го адаптираме и ќе направиме детска градинка. Ќе ги асфалтираме улиците по селото, до последните сокаци. До крајот на 2018 година, најважните проблеми за жителите овде ќе ги решиме. Ќе ги развиваме селата. Ќе ни одат и градовите напред, ако има живот во селата, рече претседателот Заев.

-Барам поддршка од сите за кандидатот за градоначалник, Велимир Смилевски, јасни се тенденциите, да продолжиме да го градиме животот за сите. Да има живот во Љуботен, да има во Бутел, да има во сите општини низ Македонија, повика претседателот на СДСМ, Зоран Заев, на средбата со жителите на Љуботен, во општината Бутел во Скопје.

поврзани објави

Последни објави