11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Андреј Бабиш- Чешкиот Трамп или Берлускони од Волтава

Многу луѓе во Чешка очекуваат некој кој ќе го казни системот и ќе им вети дека повторно ќе се чувствуваат добро во својата земја.

Кога Андреј Бабиш ќе се појави во јавноста, тој ја поздравува толпата со аплауз.

Чешкиот Трамп носи џемпери, фармерки и евтини чевли. Андреј Бабиш е на 63 и е милијардер. Тој е контрадикторен медиумски магнат и политичар против статус квото. Освен “чешкиот Доналд Трамп” го нарекуваат и “Берлускони од Волтава”.

По парламентарните избори во Чешка тој најверојатно ќе ја предводи новата влада. Ова се случува и покрај фактот дека со него се поврзани многу афери: во мај месец поднесе оставка како министер за финансии поради сомневањата за даночни измами, од минатата недела е под истрага за измами со субвенции и е обвинет дека во минатото соработувал на чехословачката тајна служба.

Основата од него партија АНО (Акција на незадоволните граѓани 2011) е посакуван избор за Чесите. Всушност, од почетокот на 2014-та таа е вториот најсилен коалиционен партнер во владата на социјалдемократската партија на премиерот Бохуслав Соботка. Но Бабиш одлучи да ја заземе позицијата на борецот против целото чешко статус кво.

Вели дека во Чешка системот е корумпиран, но во истоте време се фали со својата работа како министер за финансии.

Бабиш сака да раководи државата како претпријатие – стегнато, ефективно. Во исто време, повикува на демократија и силно граѓанско општество. Тој ја оспорува политиката на Ангела Меркел во однос на бегалците, зборува против мигрантите и еврото, но го поддржува заедничкиот европски систем за безбедност и слободното движење на луѓе, стоки и капитал во рамките на ЕУ.

Последниот апел на Бабиш е “Сега или никогаш, имаме последна шанса да го победиме корумпираниот систем!”.

Всушност Бабиш во текот на целиот свој живот бил дел од власта – и за време на комунистичката диктатура, и по нејзиното распаѓање. Роден е во денешна Словачка во семејството на меѓународен трговец, пораснат е во Швајцарија и Франција. Учи трговија во Братислава и исто како својот татко  работи како трговец.

Откако се враќа во Чехословачка почнува неговиот пат нагоре. Во 1995-та тој купува “Агроферт” – компанија за земјоделство и вештачки ѓубрива. Бабиш не признава од каде ги добил средствата за да ја купи „Агроферт“.

Неговата имотна состојба во моментот се проценува на 3 милијарди долари. “Агроферт” поседува 250 помали компании, вклучувајќи фабрики за азотни ѓубрива и фабриката за леб “Lieken” во Германија. Освен тоа поседува медиумска империја во Чешка, составена од солиден број дневни весници, интернет портали, радио и телевизиски канали.

Андреј Бабиш е неуморен човек со големо его и уште поголеми амбиции. Тој заспива тешко и секогаш има да прави нешто, како што вели во разговорот со Spiegel. Наведува дека се иритира од корупцијата и од неспособноста на политичката елита во Чешка.

“Јас летам со економска класа, кога си легнувам, го исклучувам светлото”, вели Бабиш и дополнува дека “овие луѓе во владата не штедат, тие лажат и мамат”.

Мотото на АНО е “Да, станува подобро!”. Програмата се базира врз личноста на Бабиш и врз ветувањето за политичка чистка во Чешка. Во 2013-та АНО само две години од своето создавање  стана втората најмоќна политичка сила.

Во моментов според анкетите тој има околу 25% поддршка – два пати повеќе од социјалдемократите, кои се на второ место.

Самиот Бабиш ги опишува сите предвидувања за можен анти-демократски и анти-европски пат на Чешка како лаги и бесмислици. Говорејќи за Шпигел, тој вели дека жали за неговиот влез во политиката, но додава дека им е потребен на луѓето и сака да им помогне. Поради таа причина, тој не може да ги разочара.

Бабиш ветува дека за четири години тој ќе ги направи сите потребни реформи и ќе ја напушти политиката. Тој сака да му посвети поголемо внимание на својот бизнис, а можеби и се наспие барем еднаш.

поврзани објави

Последни објави