4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Тепачка во градски автобус, има и повредени

Синоќа во градски автобус со број 50 се случил инцидент, каде поголема група млади момчиња започнале тепачка на горниот кат, по што истата продолжила и на долниот кат, каде непознат сторител му го зел и воланот на шоферот и предизвикал сообраќајка.

Во врска со вчерашниот настан на нарушен јавен ред и мир кој се случи на бул. “Крсте Мисирков“ во автобус на ЈСП – бр. 50, во којшто учествувале повеќе лица, во Полициската станица Бит Пазар извршен е разговор со десет лица (седум малолетни и три полнолетни лица, меѓу кои и возачот на автобусот). Со телесни повреди се здобиле три лица и истите по укажаната лекарска помош во Ургентен Центар-Скопје биле пуштени на домашно лекување. Од страна на СВР-Скопје се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Според неофицијални информации станува збор за членови на навивачката група „Комити“ и група албанци.

поврзани објави

Последни објави