Тренерот на Милан, Винчензо Монтела се сретна со раководството на клубот по синоќешното лошо издание против грчкиот АЕК, во натпревар од групната фаза на Лигата на Европа.
“Росонерите” не личеа на себе и тимот заврши со разочарувачки 0:0 на својот “Сан Сиро” против далеку непретенциозен тим, кој беше тотален аутсајдер во натпреварот.
Стратегот разговарал за ситуацијата со клупските шефови и на крајот добил последна шанса да ја спаси функцијата.
Од некое време наваму тој е под сериозен притисок поради слабите резултати на тимот.
При уште еден негативен резултат во следниот натпревар, тогаш тешко дека ќе има нова средба, па се очекува младиот тренер да биде отпуштен.