Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, денес оддржа прес на кој најави дека ќе поднесат предлог до парламентот на Република Македонија, за организирање на референдум за Договорот за пријателство и добрососедство со Република Македонија, на кој граѓаните ќе го дадат своето мислење, дали се за или против.
„Ваквата одлука е донесена врз основа на последната седница на Извршниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на која беше донесен заклучок дека не смее да биде заобиколена ниту стручната јавност, ниту народот“, изјави Трајче Димков.