Поради слабата минутажа, Хамес Родригез, после три години поминати во Реал Мадрид, одлучи да го напушти клубот ова лето и се пресели во Баерн Минхен, како позајмен играч.
Меѓутоа, неочекуван развој со повредата на Герет Бејл, би можел да ја промени судбината на Родригез.
Со оглед на тоа дека велшанинот има сериозни проблеми со повредите, клубот сака што побргу да се ослободи од него, па само чудо може да го задржи на „Сантиаго Бернабеу“.
Наместо да ангажираат нови скапи засилувања, раководството на Кралевите размислува за враќање на Хамес од позајмица. На крајот, одлуката ќе ја донесе тренерот Зидан, кој и не е во најдобри односи со колумбискиот репрезентативец.
Сепак, нема да биде ништо чудно доколку се деси ова сценарио. Реал не сакаше да го продаде Хамес, земајќи во обзир дека некој од клучните играчи би можел да се повреди, па 25 годишниот офанзивец можеме повторно да го видиме дресот на Кралевите.
Хамес во Реал пристигна од Монако во 2014 година, а настапи на 110 натпревари каде забележа 36 погодоци.