Државната изборна комисија (ДИК) ги одби сите 46 приговори кои првично беа поднесени за првиот круг од локалните избори.
ВМРО ДПМНЕ, најголемата опозициската партија која на почетокот стартуваше со 43 нивни приговори најпрвин повлече 3, а до крајот на седницата која траеше до раните утрински часови повлече уште 5.
Останатите 35 ДИК го одби. Исто така беа отфрлени и трите приговори на Алијансата на Албанците , Левица и ТМРО.