-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сѐ уште нема поднесени тужби од партиите до Управниот суд

Партиите сѐ  уште немаат поднесено тужби против одлуките на Државната изборна комисија (ДИК) за приговорите за првиот круг од локалните избори што се одржаа во неделата, јавија од Управниот суд.

Рокот за партиите да поднесат тужби до Управниот суд е 24 часа и истекува вечер имајќи предвид дека ДИК синоќа им ги достави решенијата на политичките партии за чии приговори одлучуваше.

За тужбите по решенијата за приговорите за првиот круг од локалните избори од партиите треба да се одлучува во рок од 48 часа по поднесувањето. Ќе одлучуваат пет судечки совети составени од по петмина судии од Управниот суд избрани по пат на жрепка. Тужбите електронски ќе им се распоредуваат на судиите, а одлучувањето ќе биде на јавни седници, велат од Управниот суд.

ДИК ги одби сите поднесени приговори за првиот круг од локалните избори. Најмногу приговори поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а приговори имаа и Алијанса за Албанците, ТМРО и Левица.

поврзани објави

Последни објави