28.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Бројот на жртвите во терористичкиот напад во Сомалија достигна 358 лица

Бројот на загинатите во најсмртоносниот напад во Сомалија извршен пред една недела достигна 358 лица. Тоа го напиша на својот твитер акаунт сомалискиот министер за информации Абдирахман Осман.

Потсетуваме дека по по нападот со камион-бомба во сомалискиот град Могадишу, вкупно 228 луѓе беа повредени, а 56 се водат како исчезнати .

Владата во Сомалија  за нападот ја обвини радикалната паравоена организација „Аш Шабаб“, која е поврзана со Ал Каеда и има извршено десетици напади во земјата.

поврзани објави

     

Последни објави