-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Полицијата уапсила едно лице кое се сомничи за нападот во Минхен

Германската полиција уапси едно лице, кое се сомничи за нападот на минувачите во Михен што се случи утринава. Нема потврда дали навистина е уапсен напаѓачот.
Непознато машко лице во 8.15 часот локално време со нож нападна неколкумина минувачи на плоштадот „Розенхајмер“ во Минхен, Германија. Тие се префрлени во болница , за среќа никој не е во животна опасност.

Напаѓачот кој е опишан како 40-годишник, облечен со сиви тренерки, зелена јакна и ранец, беше во бегство. Како што рекоа очевидци побегнал со велосипед.

Во потрагата беа вклучени и хеликоптери. Мотивот не е познат и не се знае дали се работи за терористички напад.

 

поврзани објави

Последни објави