Лионел Меси побара од тренерот на Барселона да го ослободи од натпреварите во Купот на кралевите, бидејќи смета дека ова е совршена прилика да се одмори пред големите натпревари во првенството.
Меси оваа сезона е на најдобро ниво и сака да ги наполни батериите за најголемите натпревари до крајот на годината. Неговото барање не е необично и постојат неколку врвни играчи кои во една таква ситуација се поштедени против слабите противници.
Што се однесува до настапите на Меси оваа сезона, Валверде е уверен дека тој е најдобар и дека повторно ќе руши рекорди за кои многумина мислат дека нема да бидат срушени.
“Се надевам дека ќе постигне 200 голови оваа сезона. Неговите бројки го потврдуваат она што го гледаме секој ден, тој ја достигнува статистиката која се чини недостижна“, рече тренерот на Барселона.
Барањето на Меси најверојатно ќе биде одобрено, бидејќи играч од негов калибар може да го промени резултатот на секој натпревар. Барселона не сака уште една сезона без трофеј.