Зоран Заев, претседателот на СДСМ, заедно со кандидатот за градоначалник на општина Штип, Благој Бочварски, денес ги посетија населбите, Караорман, Сењак и Насеље во Штип каде што разговараа со граѓаните и ја побараа нивната поддршка во вториот круг од локалните избори.
,,Дојдов да ја побарам вашата поддршка за Благој Бочварски, бидејќи јасно е во кој правец се движи Македонија. На граѓаните доста им е од поделби, сакаат да се зафатиме со решавање на конкретни проблеми. Да обезбедиме живот еднаков за сите” изјави претседателот Заев.
Во населбата Сењак претседателот Заев порача дека Штип мора да блеска како центар на источна Македонија и изрази уверување дека граѓаните масовно и убедливо ќе ги подржат промените и Штип ќе ја следи пораката што Македонија ја испрати на 15 октомври.