-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Управниот суд ги одби поголемиот дел од тужбите на партиите

Управниот суд, денес попладне го заврши процесот за одлучување на вкупно 28 тужби, кои политичките партии ги поднесоа поради сомнение за изборни нерегуларности.

Тужби против одлуките на Државната изборна комисија беа поднесени од страна на ВМРО-ДПМНЕ вкупно 24, две од страна на Алијанса на Албанцитте и по една од ТМРО и Левица.

До 18 часот на веб-страната на судот објавени се одлуките за 16 тужби кои се одбиваат како неосновани. Четиринаесет од нив се поднесени од ВМРО-ДПМНЕ, и по една од ТМРО и Левица. Одлуките на Управниот суд се конечни.

За тужбите од политичките партии одлучуваа совети составени од по пет судии, избрани по случаен избор.

поврзани објави

Последни објави