Претседателот на ФИФА, Џани Инфанињо соопшти дека би сакал на Светското првенство следното лето во Русија, да се воведе видео технологија.
На вечерашната церемонија на ФИФА за најдобар фудбалер на светот, Инфанињо изјави дека досега има многу позитивни коментари за видео технологијата, и дека ќе даде се од себе истата да се воведе на Светското првенство во Русија.
„Потребна ни е видео технологијата. Тоа му треба на секој шампион, а потврда пристигнува од Португалија и Италија. Конечната одлука дали ВАР ќе биде на Мундијалот во Русија ќе ја донесеме во март следната година. Мораме да им помогнеме на судиите, тоа е она што го прави видео технологијата“, изјави Инфанињо и додаде:
„Со сета сила ќе се потрудам да се избориме за видео технологијата да биде присутна на Светското првенство. Во овој момент неможеме да го замислиме фудбалот без ВАР. Со тоа ќе се стави крај на многубројните проблеми како на судиите, така и на целиот фудбал“.