Стратегот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, по прв пат во својата тренерска кариера се здоби со наградата „THE BEST“ за најдобар тренер на годината во изборот на ФИФА. Зидан е единствениот тренер што успеа да ја одбрани титулата во Лигата на шампионите со Реал Мадрид.
Младиот француски стручњак во финалниот избор ги победи Макс Алегри и Антонио Конте, кои беа номинирани поради одлучните сезони во Јувентус и Челси.
Зидан им се заблагодари на своите фудбалери од Реал Мадрид, а наградата ја подели и со своите колеги Алегри и Конте.