Комитетот за санкции на Обединетите нации ја прошири листата на производи и технологии кои не смеат да се извезуваат во Северна Кореја. Новата листа, која е проширена со нови 32 производи, се наоѓаат кутии во кои може да се транспортираат радиоактивни материјали, системи за ладење, сеизмолошка опрема, софтвер за атомски истражувања и др. Санкциите беа одобрени едногласно од страна на Советот за безбедност на ОН, по новите ракетни тестирања на власта во Северна Кореја.