Кристијано Роналдо е прогласен за најдобар фудбалер на светот во 2017. година на свечената церемонија во организација на ФИФА во Лондон.
Португалецот титулата ја освои во конкуренкција со Лионел Меси и Нејмар, а слободно можеме да кажеме дека доминираа членовите на Реал. Така Зинадин Зидан е прогласен за најдобар тренер на годината, додека дури пет играчи на Кралевите се изберени во идеалниот тим на годината. Лука Модриќ ја бранеше честа на Балканот и веќе трет пат во низата е во идеалната екипа. По доделувањето на наградата стигнаа пофалби на сметка на сјајниот Хрват. Сепак, поранешниот фудбалер на Динамо, Тотенхем се најде во центарот на вниманието поради една фотографија која набрзо стана вистински хит на социјалните мрежи. Имено, додека фотографот го сликаше Меси фотографијата доби сосема друг ефект.
По објавата имаше многубројни коментари, а ние ги издвоиме најдобрата.
“Модриќ сериозно ја разбрал улогата да не го пушта Меси од вид“