-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Кристијано Џуниор не посвети внимание на говорот на неговиот татко поради оваа ѕвезда

 

Кристијано Роналдо синоќа во Лондон на церемонијата организирана од ФИФА е прогласен за најдобар фуддбалер на светот оваа година. Португалскиот фудбалер според очекувањата ја доби наградата за најдобар фудбалер на светот пред конкурентите Лионел Меси и Нејмар. Роналдо зад себе има сјајна сезона со Реал Мадрид и ќе беше навистина чудно доколку на крајот не ја освоеше оваа награда.

 

Роналдо во Лондон пристигна со неговата девојка и со синот Кристијано Џуниор. Иако неговиот татко е најдобар на светот, чини се дека на Џуниор не му беше навистина толку битно што Роналдо има да каже. Кога камерата ќе се свртеше накај малиот син на Роналдо можеше да се забележи дека тој го гледаше Меси за кој веќе е познато дека му е голем фан.

Фото

 

поврзани објави

Последни објави