Синоќа во Лондон во организација на ФИФА се доделуваа награди за најдобар светски фудбалер, како и за идеален тим на годината. Титулата “The Best“ ја освои португалецот Кристијано Роналдо од редовите на европскиот и шпански првак Реал Мадрид.
Нашиот најдобар фудбалер, македонскиот репрезентативец Горан Пандев во изборот за најдобар фудбалер на прво место го стави Роналдо, на кому му додели пет гласа, три на Лионел Меси, а еден за Џанлуиџи Буфон.
Најголемата конкуренкција на Португалецот за оваа награда беа Меси и Нејмар.