Заменик-министерот за одбрана, Беким Максути, го отвори состанокот на директорите за одбранбена политика на земјите-членки и земјите-набљудувачи на САД- Јадранската повелба во А-5 формат.На состанокот, кој се одржува во Скопје, присуствуваат Директори за одбранбена политика на Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словенија, Косово и Соединетите Американски Држави.Максути порача дека заедничкиот успех и промовирањето на соработката е добитна комбинација за мирот и стабилноста во целиот регион. Тој го спомена заедничкото учество комбинираниот медицински тим во формат А-3, како и учеството на инструктори во воено-полициското школо на Авганистанската национална армија во формат А-5 во мисиите ИСАФ и, подоцна, „Одлучна поддршка“ во Авганистан. Политичките директори на состанокот ќе разговараат за деталите за претстојните состаноци на ниво на министри за одбрана и началници на генералштаби кои ќе се одржат годинава во Македонија.