2.8 C
Skopje
Saturday, January 11, 2025

ОК на ВМРО-НП во Охрид:Владиката Агатангел да ја повлече одлуката да се наплаќа фотографирање во црквите

ОК на ВМРО – Народна партија од Охрид реагира на одлуката на владиката Агатангел да се наплаќа фотографирање пред и во новиот изграден храм Свети Кирил и Методиј. Од партијата го повикуваат владиката да ја поправи, оваа грешка и наместо политика да проповеда љубов вера и надеж помеѓу христијанските браќа верници. „Го потсетуваме владиката Агатангел дека основната цел и мисија на светата Македонска Православна Црква е да го шири и проповеда христијанството во нашата Македонија и пошироко, а со тоа и повеќе верници да ги посетуваат нашите православни цркви, а не со своите постапки да ги оддалечувате од истите“, велат од ВМРО-НП.

поврзани објави

Последни објави