12.8 C
Skopje
Friday, July 11, 2025

Димитров- Пацоли: Интензивирање на политичката и економската соработка меѓу Македонија и Косово

Македонија и Косово ќе ја зголемуваат економската соработка, со вложување во заеднички компании за транспорт и градба, како и во нова безцаринска зона на границата меѓу двете земји, најавија шефовите на дипломатиите на двете земји Димитров и Пацоли на средбата во Скопје. Ќе направиме сѐ што можеме да ја отстраниме дополнителната мерка за визната либерализација, според која македонските државјани од 2020-та ќе мора да се најавуваат преку интернет и да плаќаат за влез во Европската унија, изјави шефот на дипломатијата Никола Димитров. Косовскиот министер за надворешни работи, Беџет Пацоли на средбата со македонскиот колега во Скопје го поздрави фактот што ѓраганите од двете соседни земји можат да ја преминуваат границата со лични карти, но побара и поголема слобода на движењето во иднина. Во однос на членството на Косово во УНЕСКО, министерот Димитров истакна дека Македонија ќе се раководи од нејзините државни интереси.

поврзани објави

     

Последни објави