Челзи ги демантира гласините дека Карло Анчелоти може да го замени клупскиот менаџер Антонио Конте на чело на првиот тим. Портпаролот на англискиот шампион гласините за евентуална промена на менаџерската позиција ги нарече “целосно невистинити”.
„Тоа е недостаток на почит, вмешувајќи друг човек. Тие се обидуваат да создадат проблеми меѓу мене, клубот и фудбалерите. Не сакам такви ситуации и во минатото сум кажал што мислам за нив. Пишувате за тоа дека клубот е подготвен да ме отпушти. Измислувајте приказни за мене и фудбалерите, но не вмешувајте друг човек (алудирајќи на Анчелоти), бидејќи му се наметнува да ми ѕвони и да ми објаснува дека тоа не е вистина. Не ми се допаѓаат овие работи, тоа воопшто не е коректно. Јас сум во контакт со Карло, бидејќи тој е мој пријател. Беше мој тренер во Јувентус и јас го почитувам многу“, изјави Конте.
Тој настапуваше под водство на Анчелоти во Јувентус пред околу 15 години, а минатата сезона ги предводеше “сините” до титулата во Премиер лигата. Карло Анчелоти, кој беше на чело на Челзи во периодот 2009-2011 година, го загуби тренерското место во Баерн Минхен поради слаби резултати.