Американскиот Стејт департмент со официјална изјава ги поддржа напортие на Шпанија да го запрат осамостојувањето на автономната територија на Каталонија.
Според официјален Вашингтон, Шпанија ја има целата поддршка да остане единствена, со објаснување дека Каталонија е интегрален дел од неа.
„Каталонија е интегрален дел на Шпанија. САД ја поддржува Владата на таа држава во уставните мерки да ја одржат државата силна и единствена“, изјави Хедер Науерт, портпарол на Стејт департментот.