11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Бербатов без влакна на јазикот: Младите го копираат Роналдо, но тоа е ср**е

Легендарниот бугарскиот напаѓач Димитар Бербатов без влакна на јазикот говореше за Кристијано Роналдо и Лионел Меси.

Бербатов, кој некогаш го носеше дресот на Манчестер Јунајтед, каде што тој беше соиграч на Кристијано Роналдо, даде интересен коментар за ESPN.

„Меси е на е*** господар. Кристијано е сјаен, но Лео играта ја прави поедноставна. Веројатно е најдобар во светот. Старите ќе кажат Пеле, Марадона, Пушкаш и Ди Стефано, но во мојата генерација тоа се Роналдо и Меси“, рече Бербатов.

„Младите играчи се обидуваат да го имитираат Роналдо. Тие сакаат да ја копираат неговата фризура, облека, автомобили … Но, Роналдо напорно работи на тренинзите. Тој само сакаше да биде најдобар. Сè друго доаѓа потоа. Играчите не треба да ги гледаат останатите ср**а“ , вели Бербатов.

Искусниот бугарски фудбалер во својата кариера играше за ЦСКА Софија, Баер Леверкузен, Тотенхем, Јунајтед, Фулам, Монако, ПАОК …

Со Јунајтед беше шампион на Англија во два наврати и го освои „Комјунити шилд“, исто така и Лига купот двапати, еднаш со Тотенхем и еднаш со Јунајтед. Тој беше дури и избран за најдобар бугарски фудбалер седум пати.

поврзани објави

Последни објави