Со голот на Антони Марсијал во завршницата од средбата, Манчестер јунајтед издвојува тешка победа на Тотенхем, па Жозе Мурињо во свој стил упати порака до критичарите
Кога судијата Мос свирна крај на дербито на Олд Трафорд, камерите на Скај се упатија крај аут линијата каде што беа менаџерите на двата тима.
И додека Маурисио Покетино чекаше да му честите за победата на својот колега, Жозе Мурињо го искористи овој момент за да испрати порака до критичарите.
Португалецот го стави показалецот на устата и прокоментира нешто, па потоа се упати да се поздрави со менаџерот на Тотенхем.