6.8 C
Skopje
Friday, November 29, 2024

Бугарија веќе го има својот прв милијардер

Математичарот Владимир Тенев (29) е првиот бугарски милијардер. По долги години учење, континуиран труд, упорност и со добра бизнис-идеја тој успева да докаже дека човек може да се збогати само со умот и своите квалитети.  Тенев дипломирал математика на универзитетот „Стенфорд“ во 2013 година и заедно со својот цимер ја создаваат компанијата „Робинхуд“. Само четири години подоцна фирмата веќе е проценета на фантастични 1,3 милијарда долари. Аналитичарите дури коментираат дека нејзината вредност наскоро ќе се зголеми 2-3 пати.
Во основата на огромниот успех на тандемот Тенев и Бат е мобилната апликација „Робинхуд“ (Robinhood) што обезбедува бесплатна трговија на берзите. Иако звучи сосема едноставно, пронајдокот на овој млад Бугарин е на пат да направи револуција на финансиските пазари во светот. Причината е дека со него секој обичен човек може да тргува на берзата со паметен телефон. И тоа без никаква провизија, за разлика од традиционалните брокерски фирми, кои наплаќаат за секоја трансакција.  До денес, апликацијата веќе ја користат речиси три милиони корисници во САД. Според основачите, досега компанијата им заштедила на своите корисници над 500 милиони долари по основа на ненаплатени такси при трансакции во вкупен износ од 50 милијарди долари.  Тенев живее во САД од својата четиригодишна возраст. Израснал во престолнината Вашингтон и од мал се интересира за математика и финансии. Двајцата коосновачи се запознаваат додека студираат и привремено се разделуваат. Тенев почнува академска кариера, а партнерот влегува во финансискиот сектор. Во 2011 година избувнува движењето „Окупирај го Волстрит“, кое ги инспирира младите претприемачи.

.

поврзани објави

Последни објави