Највисока била излезноста во Демир Капија, 76.59 отсто од запишаните гласачи, а најниска во Шуто Оризари 31.76 отсто.
Гугучевска на прес-конференција рече дека гласањето тече непрекинато освен на две избирачки места, во општините Бутел и Шуто Оризари каде што имало прекини поради технички дефект на УВ-ламбите, но не подолги од половина час, поради што и таму гласањето ќе заврши во 19 часот.
До ДИК се доставени четири приговори од граѓани кои не биле запшишани во Избирачкиот список, но Комисијата ги одбила зашто граѓаните извадиле лични документи по завршувавето на јавниот увид.