Петар Чех е еден од најдобрите голмани во светот кој веќе неколку сезони брани за Арсенал.
Сепак, тој е веќе постар, во мај ќе наполни 36 години, а во јуни 2019. година му истекува договорот со “топџиите“.
Поради тоа во Арсенал размислуваат за негов наследник, а тоа би можел да биде Петер Гулачи
Унгарскиот голман е чувар на мрежата на РБ Лајпциг, тој е многу сигурен и самодоверлив и претставува некој кој би можел да достојна замена за Петар Чех, но и еден од најдобрите голмани на светот за неколку години.
Има 27 години што значи дека уште не ги достигнал најдобрите години за еден голман.
Овој голман некогаш беше член на Ливерпул, но тој никогаш не играл за првиот тим. Неговиот договор важи до 2020. година.