13.8 C
Skopje
Wednesday, November 27, 2024

Продолжи судењето за убиството на малиот Алмир во Куманово

Денес во Основниот суд Куманово  продолжи рочиштето против обвинетиот Бобан Илиќ, кого обвинителството го товари дека на 25 јуни минатата година го убил четиригодишниот Алмир Алиу, по претходна вербална расправија со таткото на момчето во кумановскиот Здравствен дом.

Илиќ како осомничен се товари дека го прегазил 4. годишниот Алмир на улицата „Борис Кидрич“.

Исто така за овој настан против три други лица, инаку, таткото на детето Седат Алиу, Сами Демири и Абдула Алиу е поднесено обвинение за сторено кривично дело „насилство“.

Асмир Алиспаиќ и Стеван Павлески, адвокатите на инволвираните како и обвинителството, информираат дека денеска била разгледана видео снимката направена на барање на обвинителството за интензитетот и фрекфенцијата на сообраќајот во тој дел од градот за време на празникот Рамазан.

 

поврзани објави

Последни објави