2.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сијарто: Многу држави се дволични во однос на проблемот со бегалците

Министерот за надворешни работи на Унгарија Петер Сиjaрто изјави дека западноевропските земји и Европската комисија се однесуваат дволично во однос проблемот со прифаќањето на бегалците. Тој истакна уште дека западноевропските земји и Брисел ги уценуваат земјите кои гласно велат дека системот со квотите за прифаќање  на бегалците во земјите членки на Европската унија не работи. Во реалноста, сепак, повеќето земји-членки не ги исполниле своите обврски, рече министерот.

“Се води многу силна правна битка. Европската комисија вложува напори за да ги притисне земјите кои отворено се против овој систем. Ова сепак е лицемерие. Спроведувањето на квотите е исполнето  под 25% за сите земји. Ако има казнена процедура против нас, како што е очигледно  треба да има против сите кои не се си ја исполниле обврската “, истакна првиот дипломат на Унгарија.

поврзани објави

Последни објави