Грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕиас сака да го реши спорот со името на Македонија во првата половина на 2018 година. Коѕиас при претставувањето на плановите на грчката Влада за решавање на спорот, изјави дека преговорите за ова прашање треба да завршат во првата половина од 2018 година. Според него, се треба да се заврши до крајот на 2018 година, бидејќи во 2019 ќе треба да се одржат претседателски избори во Македонија и праламентарни избори во Грција. „Катимерини“ оценува дека ниту еден грчки министер за надворешни работи или Влада што се занимавала со ова „сложено и деликатно“ прашање, досега не го поврзувала со внатрешната политика, ниту пак определувала временска рамка за негово решавање.