Кристијано Роналдо на Инстаграм објавил фотографија која најдобро досега сумира колку е богат тој човек.
Славниот фудбалер позира во друштво на својот пријател и соработник во својот приватен авион со најскапата торба на светот крај нозете.
Станува збор за луксузната Хермес Биркин патна торба со цена која се движи од 5.000 до 10.000 евра, но неколку стотици илјади доколку станува збор за персонализиран примерок.
Точната цена на оваа торба може да се дознае единствено преку барање, а освен од величината, варира и од видот на кожа од која е изработена, земјата во која се продава, па дури и бојата на моделот. За купување на оваа торба долго време постоеше и листа на чекање.