Во Кина денеска се прославува Денот на самците, а по тој повод кинезите трошат милијарди долари купувајќи преку интернет.
Продажбата започнува на полноќ, а онлајн-тргоците нудат големи попусти. Најголемата интернет продавница во Кина, Алибаба објави дека во првите 12 часа од празникот преку нивниот сајт се потрошиле над 19 милијарди долари.
Денот на самците започнал да се прославува во 1993 година и е осмислен од студенти, како алтернатива на Денот на вљубените.