4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Почина писателот Есад Бајрам

Друштвото на писателите на Македонија соопштува дека вчера во Охрид, во 83-та година од животот почина Есад Бајрам, писател од турската националност во Македонија. Посмртните останки на Есад Бајрам беа погребани денеска, во Охрид.

Есад Бајрам е роден во Охрид, во 1934 година. Беше писател и општествено-политички работник. Член на ДПМ беше од 1987 година.

Како поет, раскажувач и писател за деца, Есад Бајрам зад себе остави низа книги објавени на турски и преведени на македонски јазик. Меѓу неговите дела се стихозбирките: „Плетенки“, „Дневни прошетки“, „Палата на душата“ и „Диван“, збирката раскази „Пеливани во кујната“ и книгите за деца „“Буквар в срце“ и „Ѕвездени бакнежи“.

поврзани објави

Последни објави