Длабинската анализа која ја најави претседателот на ВМРО ДПМНЕ вечерта по прогласувањето на катастрофалниот пораз од локалните избори некако многу длабински се задлабочи и некако како да заспа, а сите преторијанци и лилипутанци ја чекаат истата за да видат што смислиле и кои насоки ќе се добијат од „горе“.
Имено, нема потреба од „длабинска анализа“ просто е како грав, потребно е прифаќање на сите предлози на Движењето за реформи во ВМРО ДПМНЕ зошто се виде дека дечките имаат сенс за политика и ги предвидоа сите етапи на политичко случување во ВМРО ДПМНЕ и секое политичко и општествено дејание во нашево општествено и политичко живеење. Еве една не така длабинска анализа, но увидување заради оставање трунка добрина при заминувањето на претседателот Груевски што треба да направи, а на крај да го исправи она што го „изремети“ при превземањето на политички потези кои донесоа само штета на партијата.
На Последните парламентарни избори во декември 2016 година ВМРО ДПМНЕ освои некаде горе долу 450.000 гласови. Тие гласови сеод неколку табориили фракции и тоа: согласно некои анализи од неговите аналитичари е утврдено дека реформаторите тежат околу 120.000 гласови до 150.000 гласови, горе долу така е. Втор табор се Вмровци кои застануваат зад партијата независно дали е Љубчо, Никола, Петко или Станко и гласаат за партијата и тие се некаде исто така толку 150.000 гласачи. Граѓани кои го поддржуваат ВМРО ДПМНЕ и од кои зависи победата на ВМРО ДПМНЕ во голема мера се некаде околу 100.000 гласачи, истите гласаат, некогаш апстинираат од гласање или поради „забегување“ на раководствата го казнуваат ВМРО ДПМНЕ, е тие се тие 100.000. Истите тие во најголема мера го донесоа поразот на локалните избори, но со добро менаџирање многу брзо можат да се вратат бидејќи истите се патриотски и десничарски настроени гласачи. И последниот табор со околу 50.000 гласачи се „груевистите“, тие се моментално најгласни за поддршка на лидерот да не заминува и истите ќе бидат зад него до „гроП“. Тие се оние кои ни криви ни дужни станаа функционерчиња, кои не се способни да се лактаат во арената на демократијата и само со назначување можат да бидат некои и нешто, а да сработат нешто е тоа „веома врло добро“ го избегнуваат..тресачи на празна слама, продавачи на гола реторика. Значи горе долу се на се вкупно се 450.000 гласачи на ВМРО ДПМНЕ или да повториме: Авангарда или Демократи или Реформатори околу 150.000 гласови, „Вмровци про партија“ околу 150.000 гласови (овие браќа и сестри се нај изманипулирани и злоупотребени), „Граѓани про ВМРО“ околу 100.000 гласови и „Груевсити“ околу 50.000 гласови.
Првиве, авангардава дадоа неколку предлози за одржување на Демократски, слободен и обединувачки конгрес каде би се избрале идните тела вклучително и нов лидер за како ВМРО ДПМНЕ брзо да би се вратило на власт. На оваа одвраќаат жестоко овие 50.000 „груевисти“ фрлајќи дрва и камења, одејќи до степен ако треба според нив на втора партиска шизма, но личниот интерес пред партискиот им е главна максима, па ако лидерот нареди, ќе ги изманипулираат и дел од „Граѓаниве“ и „Вмровциве про партија“ и ќе ја сторат шизмата, ќе сторат шета и се ќе избербатат.
Согласно постулатите на декларацијата за демократизација на ВМРО ДПМНЕ на Иницијативата за реформи,една од точките е и обединување на ВМРО ДПМНЕ со сите оние партии, организации и здруженија кои произлегуваат од ВМРО ДПМНЕ и функционираат како засебни политички субјекти и интересовни групи, да се помириме сите за заедно да чекориме во иднина. Тие тежат горе долу исто така 50.000 гласови и ако се случи да би си заминале „груевистите“ и би формирале свој субјект,тоа ќе биде нивен избор, ние со овие кои моментално што се надвор од ВМРО ДПМНЕ пак би имале 450.000 гласови, но моментот е дали сакаме силно ВМРО-ДПМНЕ и би добиле 500.000 гласови и нешто повеќе, што би се манифестирало во некаде над 60 пратеници кои Никола ревносно ги бараше. Сега, ајде Никола, дај ги твоите 50.000 „груевисти“, не ги кошкај, не ги гори и пали, смири ја топката и дај гии да имаме над 60 пратеници.Ајде Никола за силно, демократизирано, реформирано и напредно, ВМРО ДПМНЕ?! Ако е и твојата грижа за ВМРО ДПМНЕ толку ќе ни фалат за да неможе никој да не „уценува“ како што велеше ти, а воедно ти можеби ќе се искупиш и ќе речат на крајот вмровците беше каков што беше, но не дозволи да се растури партијата…Ајде, за ВМРО, за ВМРО ДПМНЕ за Македонија! Ти си на потег… но имај на ум, секое наметнато твое решение нема да биде прифатено од сите останати горе наброени табори бидејќи истите знаат дека ќе биде осудено на пропаст и долгогодишна опозициска судбина на ВМРО ДПМНЕ. Така да, немора толку длабински анализи, просто е како грав…
Пишува: Стево Насковски (Реформаторот)