Доналд Трамп, американскиот претседател денеска пристигна во Филипините, на последната посета од неговата 13-дневна турнеја во Азија.
Во изминатите денови беше во Виетнам каде што компанија од таа држава и од САД потпишале договори вредни 12 милијарди долари.
Интересно Трамп на премиерот на Виетнам, Нгуен Суан Фук, му предложил да купи американски ракети и воена техника.
„САД ја произведуваме најдобрата воена техника и авиони“, изјавил јасно и недвосмислено, Трамп пред да замине за Манила на Самитот на Асоцијацијата на државите од Југоисточна Азија (АСЕАН).