-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Од утре задолжителна зимска опрема за возилата

Од утре 15-ти ноември, заклучно со 15-ти март следната година, согласно законот за безбедност во сообраќајот на патиштата, возачите на моторни возила се должни да поседуваат пропишана зимска опрема.

„Соогласно Правилникот за уреди и опрема, под зимската опрема за моторните и приклучните возила како и работните машини, се подразбира поседување на пневматици (гуми) за зимска употреба (М+С) на погонските тркала или радијални пневматици на сите тркала со летен профил, на кои длабината на шарите на спојот што гази по обем и ширина мора да изнесува 4 мм, но притоа во возилото да има и синџири за погонските тркала. Доколку возилото има летен профил на пневматици, задолжително треба да има синџири за снег на погонските тркала“, изјави Стефан Димоски, претседател на советот.

Доколку возачот на моторното возило, во интервал на пропишаниот временски период не поседува дополнителна зимска опрема, согласно законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе му биде изречена парична казна во големина од 15 евра во денарска против вредност.

поврзани објави

Последни објави