Тажни вести пристигнуваат од Ирска поврзани со поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед Лиам Милер, на кого лекарите во САД му дијагостицирале рак.
36 годишниот фудбалер се врати од САД во Ирска, а сега му предстои хемотерапија, а воедно и најтешкиот „натпревар“ во неговиот живот.
Веста за болеста на Милер ја потресе целата репрезентација на Ирска, која вечерва игра реванш против Данска во рамки на баражот за Светското првенство.
„Мислите ни се со Милер и неговара фамилија. Многу сме потресени од вестите кои ги примивме и му посакуваме многу среќа во борбата со опасната болест. Искрено се надевам дека на крајот ќе излезе како победник“, изјави селекторот на Ирска, Мартин О Нил.
Покрај Манчестер Јунајтед, за кого настапуваше од 2004 до 2006 година и одигра 20 натпревари, Милер беше член и на Сандерленд, Лидс, Селтик, Хиберниан и КПР, а неговиот последен ангажман беше за американскиот Вилмингтон.