11.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Харадинај: Косово заслужува да има сопствена армија

Како партнер на НАТО, Косово заслужува да има сопствена армија, изјави премиерот на земјата Рамуш Харадинај. Тој ја даде изјавата во рамките на конференцијата “НАТО и Западен Балкан: Регионална динамика во ерата на предизвиците на глобалната безбедност”, која се одржува во Приштина, објави електронското издание Gazeta Express.

“Косово заслужува членство во НАТО. Сакаме НАТО да остане во Косово. Вложуваме напори да создадеме Вооружени сили на Косово и веруваме дека до 2020 година ќе го завршиме процесот за членство во НАТО. Гледаме на Алијансата како на посебен фактор за стабилност во регионот, особено кога станува збор за борба против радикализмот . Вооружените сили на Косово ќе помогнат овој процес и ќе ја гарантираат безбедноста на сите граѓани на Косово “, истакна Харадинај.  Според него, сите земји од регионот се соочуваат со различни предизвици, истакнувајќи ја како пример интервенцијата на Русија во Балканот, екстремизмот, организираниот криминал, сајбер нападите и социо-економските турбуленции. Харадинај ја истакна позитивната улога на НАТО за надминување на овие проблеми, повторувајќи уште еднаш дека Косово треба да има сопствена армија, за да дејствува заеднички со Алијансата во справувањето со наведените предизвици.

поврзани објави

Последни објави