Пратениците во Собранието на Република Македонија, денес ја продолжија расправата по предлог законот за употеба на јазиците во прво читање, која на 15 октомври беше прекината поради локалните избори.
Од опозициската партија на ВМРО-ДПМНЕ и понатаму се против овој закон, за кого велат дека е неуставен. Според нив со овој предлог се „премину“ Охридскиот рамковен договор и на крајот ќе резултира со воведување на двојазичност на целата територија на Република Македонија.
Од владеачкото мнозинство велат дека овој закон не ја загрозува унитарноста на државата и е во согласно со Уставот, со што ќе се придонесе за подобрување на соживотот во Македонија.
Од вчера за збор се пријавија околу 60 пратеници, а самото тоа говори дека се очекува долга дебата. Сепак во петок се очекува истата да биде завршена, кога пратениците ќе треба конечно да се изјаснат за овој предлог-закон.