Вечерва во 20 часот, во Културно-информативниот центар во Скопје (КИЦ), во Изложбениот салон Империјал 1 ќе се отвори изложбата на слики од Вернон Џонс. Ќе бидат изложени дела работени во акрилик, создадени последниве години, со морски мотиви.
Вернон Џонс (45) е роден во Понтипул, Велс, Велика Британија. Дипломирал на Високата школа за дизајн и илустрација во Велс. Реализирал 17 самостојни изложби во Шкотска, Велс, Црна Гора и Македонија.
Изложбата ќе биде отворена до 25. 11. 2017 година.