-0.2 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Сервер: Можно е решение за името и влез во НАТО следната година

Познатиот експерт за Балканот Даниел Сервер, оценува дека е можно во 2018 година да се направи пробив во решавањето на спорот за името и отстранување на блокадата за прием на Македонија во НАТО и почеток на пристапните преговори со ЕУ. Коментирајќи ги оптимистичките очекувања од Скопје, Атина, но и од Вашингтон, искажани преку заменик помошникот државен секретар на САД Хојт Ји, Сервер вели дека решение може да се најде особено во однос на приемот на Македонија во НАТО. За евентуалните реакции од Москва кога ќе дојде времето за прием на Македонија во НАТО и изјавата што во тој контекст ја даде премиерот Заев за црногорското радио „Антена 1“, Сервер наведува дека „Русите ќе пробаат се што можат за да ја спречат Македонија да влезе во Алијансата“.

 

поврзани објави

Последни објави