4.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Русија е на пат да ги прогласи сите меѓународни медиуми за „странски агенти“

Долниот дом на рускиот парламент едногласно го донесе законот според кој владата може да ги прогласи медиумите кои се финансирани од странство за „странски агенти“. Амнести интернејшнал оцени дека законот ќе претставува „сериозен удар“ за слободата на медиумите во Русија. Претседателот на Думата Вјачеслав Володин рече дека законот е „симетричен одговор“ на, како што рече, американскиот притисок врз руските новинари. Законот сега треба да биде изгласан од Горниот дом, па потоа и потпишан од претседателот Владимир Путин за да стапи на сила. Горниот дом треба да гласа на 22 ноември. Заменик претседателот на Думата Пјотр Толстој дека ќе законот „никако нема да влијае на слободата на говор во Русија“. Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, денеска одби да одговори дали Путин ќе го потпише законот, но додаде дека тој ѝ дава можност на Москва да одговори на секое „ограничување на слободата на руските медиуми во странство“.

поврзани објави

Последни објави