Директорката на Кардиолошкиот завод „Св. Стефан“ во Охрид, Гордана Доневска, која направила прераспоредување на кардиологот Никола Бакрачески, пред три недели го унапредила својот сопруг како раководител на болнички сектор, што практично е втора највисока функција во болницата
Сопругот на актуелната директорка, докторот Зоран Доневски, претходно имал функција на доктор во амбуланта и вршел прегледи на пациенти, а сега одлучува за клучни работи во болницата и е надлежен за пациентите, персоналот, како и поединечи одделенија во установата.
„Макфакс“ дознава дека утринава во 8 часот директорката Доневска одржала управен состанок, за кој сè уште не се знае што имало на дневниот ред. Доневска и Донески, според нивните функции во кардиолошкиот завод, ги носат клучните одлуки поврзани со работата и функционирањето на установата.
Извор+Фото: МакФакс