6.8 C
Skopje
Thursday, November 28, 2024

Поповска, Морачанин и Тачи не гласаа за законот за употреба на јазиците

Пратениците од ДОМ, Лилјана Поповска и Маја Морачанин, како и лидерот на ДПА, Мендух Тачи, не се изјаснија на гласењето за законот за употреба на јазиците.

Според листингот од гласањето, пратениците не гласале ниту „ЗА“ ниту “Против“ за предлог законот, кој со вкупно 66 „ЗА“ беше усвоен од страна на Собранието.

За разлика од Поповска и Морачанин кои беа присутни на седницата, нивниот колега од ДПА, Тачи, воопшто не се појави во Сообранието.

Како што вели координаторот на пратеничката група на СДСМ, Томислав Тунтев, коалицијата не се заснова на предвремено договарање, туку секој пратеник самостојно си ги носел своите одлуки.

поврзани објави

Последни објави