Седум лица загинале во авионска несреќа што се случила во источна Русија, соопштуваат тамошните медиуми. Несреќата ја преживеало само едно четиригодишно девојче, кое што веднаш било хоспитализирано.
Според „Русија Денес“ авионот се срушил при обид за слетување на аеродромот кај селото Нелкан.
Во авионот имало осум патници, од кој двајца членови на екипажот. Несреќата се случила во 13:30 часот по локално време.